Објавени резултатите од проектот за фиторемедијација
На прес конференција во Општина Велес беа објавени резултатите од проектот „Фиторемедијација на почвата во Велес“ кој ЕД „Вила Зора“ го реализираше со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Факултетот за земјоделски науки и храна, Општина Велес и ЈКП „Дервен“.
На презентацијата на резултатите градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски укажа на последиците од тридецениското загадување на воздухот, водата и почвата и долгогодишниот молк на државата за вистината за Велес. „ Република Македонија во 2004 и 2005 година издвои 12 милиони денари за реализација на обемно истражување на последиците од загадувањето со тешки метали по здравјето на велешани, но резулатите не се објавени и можеме само да претпоставиме зошто се кријат“, рече меѓу другото Коцевски потенцирајќи ги причините поради кои Општина Велес безрезервно го поддржа проектот на ЕД „Вила Зора“.
Пред присутните претставници на средствата за јавно информирање, резулатите од проектот ги образложија проф. д-р Татјана Миткова и проф. д-р Татјана Прентовиќ од катедрата за педологија при Факултетот за земјоделски науки и храна. Според добиените првични резултати од две површини во Велес на кои беа насадени фуражни култури способни за апсорпција на тешките метали од почвата, генерален заклучок е дека фиторемедијацијата функционира и дека растенијата како луцерката имаат способност да апсорбираат и до 51% кадмиум, 12% олово и 100% цинк што според експертите е добра основа за понатамошно истражување. За идните активности на тој план беше побарана помош од државата. За жал, добиените резултати уште еднаш ги потврдија резултатите од претходните истражувања според кои оловото го има 10, 20 па и до 50 пати повеќе од максимално дозволените концентрации, цинкот – 1, 3 до 6 пати повеќе, а кадмиумот – 20,30 па и до 70 пати повеќе од МДК. Што е најстрашно станува збор за истражувања на површини на интензивно градинарство.

Во нашата земја сеуште нема стратегија и национална политика за управување со контаминираните места или специфична законска регулатива која го регулира нивното чистење па експертите се раководат од утврдените европски стандарди.
Голема задача е да се деконтаминира почвата и да се превземат мерки за да се врати животот на велешката почва: зонирање на контаминираните површини, давање на препораки за одгледување на земјоделски култури кои имаат помал апсорпционен капацитет за тешките метали (зелените растенија имаат голема апсорпциона моќ), преориентирање на земјоделското производство, ремедијација на загадената почва, за што државата треба да издвои средства.
Од името на ЕД „Вила Зора“ , претседателот на здружението др. Ненад Коциќ уште еднаш јавно предупреди дека Велес со сите сили ќе се спротистави на евентуалниот рестарт на произвотството во топилницата „Единственото решение за велешани е дислокација и тоа добро треба да го знаат и доверителите и држават и инвеститорите“, рече Коциќ.