Во Велес полесно се дише
За да има увид во состојбата и квалитетот на животната средина во Велес, со финансиска поддршка на УНДП Општина Велес во 2004 г. доби современа апаратура за мониторинг на тешки метали во животната средина. Апаратурата Анализатор со индуктивна спрегната плазма (ICP) општината ја даде на времено користење на Заводот за здравствена заштита - Велес, кој согласно Годишна програма врши испитувања на присуството и концентрациите на тешки метали во животната средина.
Почитувајки ја законската обврска за пристап на јавноста до информациите за животната средина, а и следејќи ја основната определба на Општина Велес за транспатрентност и споделување на информациите со нејзините граѓани ги објавуваме податоците за содршината на тешки метали - олово и кадмиум во воздухот и содржината на тешки метали олово, кадмиум и цинк во ареоседиметнтот во Општина Велес (јануари-мај 2007г.).
Сумарните извештаи можете да ги погледнете тука .