Зелената коалиција се обедини за Велес

Стоп за топилница, Сашко Кукулев „Green power“„Некој в очи на овие празници се обидува да донесе одлука за продажба на топилницата зад грбот на велешани. Тоа е еднакво на тиранија и нема да го дозволиме“, Во името на Зелената коалиција ова на прес конференција го изјави Александар Кукулев од ЕГ „Green power“.
 
Тој напомена дека Зелената коалиција се одлучила да проговори во јавноста по информациите дека одредени структури ги откупуваат акциите на доверителите и во корелација со заинтересиран инвеститор се обидуваат да ја рестартираат топилницата.
 
И Д-р Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“ се спротистави на продажбата на топилницата. „За нас е индикативно мудрото молчење на Владата. После сите години еколошки терор во овој град , како може да се готви црна иднина на Велес? Нема да дозволиме да ни се повтори агонијата“ порача Коциќ.

Градоначалникот Аце Коцевски до Владата упати барање „Кога ќе ги кројат плановите за иднината на Велес да ги прашаат велешани кои се најмногу засегнати. Да се насочат кон барање стратешки инвеститор за изградба на топилница надвор од градското подрачје“. Остро ќе се спротиставиме на сите обиди за загрозување на животот и здравјето на Велешани“ рече Коцевски. Според градоначалникот инвестицијата за изградба на нова топилница со современа технологија која ќе обезбеди преработка на згурата би чинела околу 70 милиони долари. Со оглед на високота цена на оловото на светската берза, инвестицијата би се вратила за 1 година. Граѓаните на Велес како што порача Зелената коалиција и во наредниот период ќе ја продолжат битката за здрава животна средина.
 
Зелената коалиција - заедно