Поддржана иницијативата на Зелената коалиција
Иницијативата на зелената коалиција за измени и дополнувања на Генералниот урбанистички план со што ќе се инсистира за дислокација на топилницата, доби поддршка и од Советот на Општина Велес. Членовите на Советот ја прифатија иницијативата давајќи зелено светло за започнување на постапката за измени и дополнувања на ГУП за дел од урбаната единица „Васа Кошулчева“ каде Урбаниот блок Б1 со површина од 29, 68 ха досега беше наменет за МХК Злетово.
Измените и дополнувањата на ГУП предвидуваат на местото на топилницата да се предвиди урбана зона со комерцијални објекти. Иницијативата за измена на ГУП уследи по најавите за рестарт на топилницата и е дел од конкретните чекори на велешани во битката за остварување на уставното право на чиста и здрава животна средина.