НЕ за рестартот на топилница на истата локација
„Велес нема добра иднина и не може да биде и пристојно, убаво и посакувано место за живеење доколку повторно се рестартира топилницата на истата локација и со истата технологија. Здравјето нема цена и никаков економски интерес не може да биде поважен од здравјето на граѓаните на Велес“.
Ова на прес конференција го изјави градоначалникот Аце Коцевски кој ја извести јавноста дека Општина Велес ја реактивира тужбата против Република Македонија. Овојпат кон тужбата се придружуваат и невладините организации членки на Зелената коалиција со барање да се заштити уставното право на велешани на чиста и здрава животна средина.
Градоначалникот Коцевски ги извести новинарите дека истите ставови ги презентирал и на средбата со Џејсон Мико кој се претставил како претставник на Фирмата Минеко која откупила 63,37 % од побарувањата на доверителите со намера да ја рестартира топилницата. Градоначалникот го известил Мико дека ќе се соочат со жесток отпор ако се обидат да ја рестартираат топилницата на истата локација и со истата технологија, но дека се добредојдени ако инвестираат во дислокација или изградба на нова топилница на безбедна локација.
Коцевски упати апел до целата македонска и до меѓународната јавност да ги поддржат граѓаните на Велес во битката за здрава животна средина за да не се повтори еколошкиот тероризам кој траеше цели 3 децении. Воедно ги повика министрите во Владата да дојдат да живеат во Велес за да се уверат што значи живот во загадена животна средина. Тој посети дека тешките метали во почвата ги има и до 60 пати повеќе од максимално дозволените концентрации и дека покрај оловото, цинкот и кадмиумот е докажано и присуството на арсен и индиум во почвата.
Според најавите кои ги вознемирија велешани, на 26 мај годинава, Собранието на доверители треба да донесе одлука за распишување на тендер за продажба на топилницата.

(07.05.2008)