Осуда за скандалозната продажба на топилницата

Image„Ја осудувам скандалозната продажба на топилницата на новооснована фирма без референца. “, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Тој потврди декаДржавната антикорупциска комисија оформила предмет. „Антикорупционерите задолжија член кој собира информации од министерствата за економија и за животна средина, поврзани со продажбата на Топилницата и со загадувањето на животната средина“, рече Коцевски.

Тој најави дека сите сомнежи Одборот за спас на Велес ќе им ги предочи на Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител. На прес конференцијата Коцевски ги информираше новинарите дека во врска со топилницата остварил средба со претставници на Амбасадата на САД и дека на средба со Зелената Коалиција е одлучено да не се преземаат радикални чекори до формирањето на новата влада и битката да се води институционално.

Сепак како што напомена градоначалникот не е исклучена и радикализација на мерките доколку надлежните органи не им излезат во пресрет на велешани за остварувањето на нивното уставно право на здрава и чиста животна средина. Одборот за спас на топилница ќе продолжи со интензивните активности во борбата против рестартот на топилницата. „Бараме цврсти гаранции дека нема да се дозволи рестарт на топилницата“, изјави Коцевски на прес конференцијата. Вечерва е закажана седница на Одборот за спас на Велес на која ќе бидат прецизирани понатамошните мерки и активности.