Скандалозна и неодговорна продажба на топилницата

Image„Со скандалозната, неодговорна и недомаќинска продажба на топилницата се кршат правата на малцинските доверители меѓу кои и Општина Велес“, рече на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски потенцирајќи ја дисквалификацијата на турската фирма Јалим Тишарет Лимитед Сиркети. Како што изјави пред новинарите, понудената цена од 2,5 милиони евра ниту оддалеку не соодветствува со првичната цена од 13,6 милиони евра. „По седум претходни тендери имотот на топилницата е обезвреднет“, рече Коцевски. Тој најави дека Општина Велес ќе вложи жалба до Апелациониот суд во законскиот рок кој истекува на 11-ти ноември годинава.