Се повторува постапката за спроведување на Стратегиска оцена за ГУП Топилница
До Министерот за животна средина и просторно планирање, МЕТРУДХЕМ поднесе жалба кон содржината на Одлуката за спроведување на Стратегиска оцена на планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б (Топилница). По уважување на жалбата, предметот се враќа на повторна постапка. (решение)