Одлука за спроведување на стратегиска оцена - ГУП УЕ1 УБ1А УП1Б (Топилница)
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 13.08.2012 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 УБ 1А и УБ 1Б (Топилница), Општина Велес, плански период 2012-2022 година, кој го донесува Општина Велес, потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 УБ 1А и УБ 1Б (Топилница), Општина Велес, плански период 2012-2022 година, се определуваат следните: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за здравство, Совет на Општина Велес.
3. За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година, за чија изработка е одговорна Општина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Сегашната состојба со загадувањето на медиумите на животна средина од долгогодишното работење на Топилницата Велес, научните и стручни анализи на кумулативните ефекти од досегашното работење, статусот на загадување на почвата околу Топилницата како плански опфат со класа на намена Г1, загадувања во воздухот, водата, поврзаноста на кумулативните ефекти од сегашната намена на земјиштето врз здравјето на населението, влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина на Општина Велес (воздух, почва, води, население и човеково здравје) преку новопланираната класа на намена, како и индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Бр. 08-4379/2
Општина Велес
ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Горан Петров