ИЗВЕСТУВАЊЕ - Изменување и дополнување на ГУП за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б Општина Велес, плански период 2012-2022 година

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година

Податоци и информации:

1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

2.Назив на планскиот документ: Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б Општина Велес, плански период 2012-2022 година
Краток опис на документот: Во согласност со одлуките донесени од страна на Општина Велес и Советот на Општината, започната е постапка за Измена и дополнување на Генералниот Урбанистички план за град Велес за дел од урбана единица 1 УБ 1А и УБ 1Б, за период 2012 – 2022, со вкупна површина од 45 hа. Целта е да се добие решение кое ќе обезбеди измена и долнување на дел од постоечкиот ГУП на локацијата на Топилницата за олово и цинк, со кој ќе се направи пренамена на класата на намена (Г1 – Тешка и загадувачка индустрија) во простор со зеленило (класа на намена Д2 – заштитно зеленило).
Причините поради кои се бара промената се долгогодишното загадување со тешки метали од Топилницата кое предизвика здравствени нарушувања кај населението на Град Велес и претставува висок ризик за растителниот и животинскиот свет. Преку навременото вклучување на мерки за спречување, ублажување или компензирање на негативните ефекти од планското решение врз животната средина ќе се овозможи одржлив развој на Општина Велес.

3.Назив и број на Одлука: Одлука за спроведување на стратегиска оцена за Измена и дополнување на Генералниот Урбанистички план за град Велес за дел од урбана единица 1 УБ 1А и УБ 1Б, за период 2012 – 2022 со бр. 08-4379/2 од 13.08.2012г. донесена од Градоначалникот на Општина Велес.

4.Засегнати органи: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за здравство, Совет на Општина Велес.

5.Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година се донесува од страна на Советот на Општина Велес во две фази: во нацрт и во предлог фаза.

6.Засегната јавност:
-Метрудхем ДООЕЛ Скопје
-Членки на Зелена коалиција
-Одбор за спас на Велес од Топилницата
-Центар за развој на Вардарски плански регион

7.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година и за Нацрт-планот за Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес, за дел од УЕ1 УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот.
Краен рок за давање на забелешки е 08.01.2013г.
- на www.veles.gov.mk

Јавната расправа ќе се одржи на 21.12.2012 г. (петок) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.

8.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Планскиот документ  Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 - УБ 1А и УБ 1Б, Општина Велес, плански период 2012-2022 година се носи со цел  на  измена на постојниот ГУП во насока на промена на намената на просторот од  Г1 (тешка и загадувачка индустрија) во класа на намена Д2 (заштитно зеленило), што ќе овозможи целосна ревитализација на локацијата која е контаминирана со тешки метали (олово, цинк, арсен, кадмиум, бакар и др.) поради триесетгодишното загадување на воздухот, водите и почвата на предметниот опфат и урбаниот дел на Градот Велес. 

Пренамената на класата на намена на земјиштето од Г1 – тешка индустрија, Г2,Г3 и Г4 – лесна индустрија, складишта, магацини во Д2 – заштитно зеленило ќе придонесе кон ублажување на последиците од историското загадување на животната средина и намалување на кумулативните ефекти врз почвата и подземните води, спречување на разнесувањето на загадувачките материи во предметниот опфат и пошироката околина на градот Велес.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект за најмалку 45 000 жители кои живеат во Велес.
Повратната спрега се гледа во развојот на планскиот опфат во правец на негово озеленување кое ќе придонесе кон подобрување на состојбата на сите медиуми на животната средина (кои претходно биле ефектирани од работата на Топилницата за олово и цинк, преку акумулираното историско загадување), што директно ќе ја подобри здравствената состојба на населението, а со тоа и квалитетот на живеење во Општина Велес.