Заврши „еколошкиот“ дел од постапката за измена на ГУП (Топилница)

Министерството за животна средина и просторно планирање даде позитивно мислење за Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за град Велес, за дел од УЕ 1 - УБ 1А и УБ 1Б (Топилница), Општина Велес, плански период 2012-2022 година, за спроведената постапка за стратегиска оцена на животната средина и за спроведената постапка за учество на јавноста од страна на Општина Велес. Со ова „еколошкиот” дел од постапката е завршен. Во однос на „урбанистичкиот” дел од постапката, Советот на Општина Велес на седницата одржана на 14.02.2013г. донесе Одлука за утврдување на Нацрт – планот. Во периодот кој следи активностите ќе бидат насочени кон спроведување на законските одредби согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање до конечно усвојување на планот.