Пресконференција 23.04.2013 година (Вторник) - Александар Колев, Претседател на Совет на Општина Велес

Александар Колев, Претседател на Советот на Општина ВелесДенешната пресконференција на Александар Колев, Претседател на Советот на Општина Велес е во правец на информирање на граѓаните на Велес дека во согласност со законските одредби и прописи на Општината ја свикува втората седница на Советот на Општина Велес.

Седницата ќе се одржи на 29.04.2013 година во Понеделник, со почеток во 11.00 часот и ќе биде со следниот дневен ред:


1.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за Статут и прописи.
2.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности.
3.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
4.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој.
5.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените.
6.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на правата на децата.
7.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за спорт и млади.
8.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за изготвување на Програмата за работа на Советот на Општина Велес.
9.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти.
10.Предлог-решение за определување преставници од членовите на Советот на Општина Велес во постапката за склучување на бракови.

Потребата за свикување на оваа седница е формирањето на постојните комисии на советот на Општина Велес, што е неопходно за понатаму советот да може да ги носи одлуките од доменот на локалната самоуправа. Пред седницата на Советот, во 9.30 часот седница ќе одржи и Комисијата за мандатни прашања, избори и именување како надлежна комисија за разгледување на овие точки. Терминот на одржување на седницата, како и точките од дневниот ред беа претходно договорени на координација со координаторите на двете советнички групи. Претседателот на Советот, Александар Колев истакна дека таквата пракса ќе настојува да продолжи и понатаму, се со цел за поефикасна работа на Советот, остварувајќи ги интересите на заедницата.