Понеделник, 24-ти Јуни - Приемен ден на Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев

 

Почитувани граѓани

Сакам да ја информирам јавноста дека Канцеларијата на Претседателот на Советот на Општина Велес и во овој мандат продолжува со принципот да биде отворена за сите граѓани.

Приемот на странките е предвиден за периодот од 10-14 часот секој втор Понеделник почнувајќи од следниот Понеделник (24.06.2013), во  просториите на Општина Велес.

Овој приемен ден се воведува во согласност со приоритетите на Општина Велес за транспарентно работење и потребата лично да се слушнат предлозите на секој поединец кој сака да пријави проблем, да образложи идеја, да даде сугестија за начинот на работа на Советот, се воведува овој приемен ден.

Со ова се реализира и потребата на граѓаните за комуникација со Претседателот на Советот, но ова е и реализација на нашето предизборно ветување за Општина отворена за граѓаните.

Впрочем доброто владеење подразбира и максимална транспарентност во работењето, и постојана комуникација со граѓаните.

Ценам дека не е доволно еднаш во годината на јавните расправи да се бара мислење од граѓаните. Треба да се слушне нивниот глас почесто за да биде и од помош за решавање на нивните проблеми, но и од помош за нас за да знаеме по лесно и поуспешно да ги определиме приоритетите во областите во кои имаме надлежност.

Ваквата комуникација ќе овозможи повефикасна работа на Советот и носење на поквалитетни одлуки согласно интересите на граѓаните.

Со воспоставување на приемен ден на претседателот на Советот на Општината и приемен ден на Градоначалникот, двете институции на локалната власт се доближуваат до граѓаните на начинот на кој им ветивме.

Како локална власт и во наредниот период ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Велес, развивајќи и други форми на комуникација а со тоа излегувајќи во пресрет на сите нивни потреби и решавајќи ги нивните проблеми.

Ви благодарам!