Претседателот на Советот на Општина Велес, д-р Александар Колев го презентираше дневниот ред на закажаната 8-та седница
Почитувани
На денешната пресконференција сакам да ја известам јавноста дека во текот на денешниот ден (13.09.2013) како Претседател на Советот на Општина Велес, по одржаната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот, го потпишав Решението за свикување на 8-тата седница на Советот на Општина Велес. Седницата ќе се одржи на ден 20.09.2013 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 12.00 часот.
За 8 седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-одлука за донесување на Изменување и доплнување на Генерален урбанистички план на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1 А и 1 Б-Општина Велес.
Јавноста е веќе известена дека изминативе денови од Министерството за транспорт и врски е добиена потребната согласност за промена на Генаралниот урбанистички план за Топилница. За конечно усвоjување на ГУП-от за Топилница, Советот на Општина Велес како надлежен орган за донесување на урбанистичкото планирање во Општината, потребно е да донесе Одлука за донесување на измените и доплнувањата на планот. Со тоа се завршува целокупната процедура за бришење на Топилницата од планската документација и пренамена на просторот во заштитно зеленило.
2. Извештај за работењето на ЈКП „Дервен” во периодот од 1-VI месец 2013 година.
3. Извештај за работа со финансиски резултати за периодот од 01.01.2013 година до 30.06.2013 година на ЈПССО „Парк Спорт” Велес.
Во согласност со Законските прописи до Советот на Општина Велес е стигнато барање за разгледување на Извештаите за работата на ЈКП Дервен и ЈПССО „Парк Спорт” за период од I-VI месец во 2013 година. Извештаите се претходно усвоени од управните и надзорните одбори на двете институции.
4. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј” Велес.
5. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Васил Главинов” Велес.
6. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Блаже Конески” Велес.
7. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Благој Кирков” Велес.
8.Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот” Велес.
9. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Рајко Жинзифов”, с. Долно Оризари.
10. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ООУ „Стоја Бурчевски - Буридан”, с. Иванковци.
11.Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ОМУ „Стефан Гајдов” Велес.
12. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ССОУ „Димитрија Чуповски” Велес.
13. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ССОУ „Јовче Тесличков” Велес.
14. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на СОУ „Гимназија Кочо Рацин” Велес.
15. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ССОУ „Коле Неделковски” Велес.
16. Годишен извештај за восипитно-образовната работа во учебната 2012/2013 година на ОУД „Лазар Лазаревски” Велес.
Годишните извештаи за работата на основните и средните училишта во Општина Велес претставуваат синтетизиран приказ на постигањата на учениците, извршените работи и работни задачи на наставниците, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на овие образовни институции е должен да ги разгледа и да се произнесе по годишните извештаи.
17. Предлог годишна програма за работата на ОУД „Лазар Лазревски" – Велес за учебната 2012/2013 година.
18. Предлог решение за изменување и доплнување на Решението за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2013 година.
Намерите за развој на ракометниот спорт во градот ќе бидат реализирани со поддршка на ново регистрираниот Градски Ракометен Клуб „Борец”. Поради тоа потребно е да се измени Решението за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2013 година, што е од технички карактер и предвидува преименување во ГРК „Борец”, но е доста значајно за понатамошниот тек на активностите поврзани со градскиот ракометен клуб Борец.
19. Предлог-решение за изменување и доплнување на Решението за изменување членови на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Велес.
Врз основа на Законот за локална самоуправа а согласно Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Велес, Советот е надлежен за именување на членовите кои ќе дејствуваат во ова тело. Именувањето на тројцата нови членови е поради претхнодно истекување на советничкиот мандат на досегашните членови. Мандатот членовите на овој општински совет е 5 години и тие се должни за својата работа еднаш годишно да го информираат Советот на Општина Велес.
20. Предлог решение за давање согласност за отуѓување на камп-приколки во автокамп „Крани” на ООУ „Блаже Конески” Велес.
ООУ Блаже Конески е сопственик на пет-камп приколки лоцирани во автокампот Крани. Пораи низа причини, приколките пдоолго време не се користат од страна на вработените. Тоа претставува проблем за училиштето кој подолго време се провлекува. Меѓу вработените во училиштето е спроведена анкета на која поголем број се изјасниле за оттуѓување на приколките. Училишниот одбор има донесено таква одлука, останува советот на наредната седница да го разгледа доставеното предлог решение и да се произнесе за давање на согласност за оттуѓување т.е. продажба на истите.
21. Советнички прашања
Согласно со деловникот за работа на Советот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат ден пред одржувањето на седницата на Советот, Четврток 19 септември 2013 година.
Ви благодарам!