Сите услуги на едно место !!!
Почитувани посетители и корисници на услугите на Општина Велес,
Општина Велес воведува нов систем на електронски услуги чија цел е да го олесни пристапот до сите услуги што ги обезбедуваме во согласност со нашите надлежности. Ве покануваме активно да ги користите предностите на новиот електронски систем на услуги и да бидете дел од неговото постојано подобрување и надградба во интерес на целата локална заедница. Искрено Веруваме дека и овојпат заедно со Вас максимално ќе ги искористиме потенцијалите на информатичката техологија во насока на креирањето на вистински сервис за граѓаните
Со почит,
Општина Велес
е-Даноци
Сервис за електорнска проверка на даночни задолженија на Општина Велес. За најавување на сервисот потребно е:
- физичките лица да го внесат својот матичен број,
- додека правните лица својот даночен број.
Лозинката потребна за најавување, ја имате во решението за данок за имот кое го имате добиено на домашна адреса.
Доколку немате лозинка, можете да ја добиете во просториите на Граѓанскиот сервис центар во Општина Велес.
Е-Општина – Пријави проблем
Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.