Советот работи на седници.
Седниците на Советот се јавни.
За исклучување на присуството на јавноста се одлучува ако за тоа постојат оправдани причини-прашања од доверлива природа од областа на безбедноста и одбраната , со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
На расправата за Буџетот на Општината, Годишната сметка на Буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста неможе да се исклучи.
Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот.
Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.
На седниците на Советот по правило се гласа јавно,освен ако Советот не донесе Одлука за тајно гласање со мнозинство гласови од присутните членови на Советот.
За секоја седница на Советот се води Записник.
Статутот, Буџетот, Годишната сметка на Буџетот и Деловникот за работа се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Седниците на Советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци;
Седниците ги свикува претседателот на Советот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање од најмалку 1/4 од членовите на Советот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување;
Доколку во рокот определен во ставот (2) на овој член, претседателот на Советот не ја свика седницата на Советот, членовите на Советот сами се состануваат и избираат претседател за таа седница;
Денот, часот и местото на одржувањето на седниците на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи, задолжително се објавуваат најдоцна седум дена пред денот на одржувањето на седницата, на начин утврден со Статутот.
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности ( пожар, поплави, земјотреси и сл.) и при посета на делегација од друга земја кога истата сака да се обрати на членовите на Советот.
Вонредната седница ја свикува Претседателот на Советот по сопствена иницијатива на предлог на најмалку 1/3 од членовите или на предлог на Градоначалникот.
Поканата за седницата со предложениот Дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.
Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа.