Соопштенија

Соопштение - јавна презентација и јавна анкета (ДУП централно градско подрачје)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 24/08 пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Предлог Детален урбанистички план за Централно градско подрачје дел од урбани блокови 25 и 26 во УЕ3 и дел од урбан блок 34 во УЕ 5 - Општина Велес

Граници на опфатот се оските на улиците:

• Од источна ,североисточна и северна страна железничката пруга Скопје-Велес-Гевгелија од пресекот со улица „Алексо Демниев“ до пресекот со улицата „Кочо Рацин“
• Улицата „Алексо Демниев“ (дел) од северозападната страна,
• Од западната страна улицата „Владимир Назор“ од нејзиниот почеток на север до пресекот со улицата „Кочо Рацин“, односно „Коле Неделковски“ и
• Улицата „Кочо Рацин“ од јужната страна.

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 11,00 ha.

Предлог Детален урбанистички план за Централно градско подрачје дел од урбани блокови 25 и 26 во УЕ3 и дел од урбан блок 34 во УЕ 5 - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  02.09.2009 – 16.09.2009 секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 10.09.2009 година (четврток) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров