Соопштенија
Соопштение (образование, култура, социјала, здравство, спорт, млади и НВО)
Почитувани,
Во тек е изготвувањето на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2010 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална и здравствена заштита,
- спорт, млади и
- поддршка на НВО секторот.
Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат проекти од поширок интерес на заедницата и конструктивни предлози и идеи за активности што треба да се реализираат во 2010 година, можат да доставуваат свои предлози.
Предлозите треба да бидат добро образложени, со временска рамка на активности, носители, извршители и буџет.
Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1 или во електронска форма на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. најдоцна до 16.10.2009 година.
По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров