Соопштенија

Соопштение - јавна презентација и јавна анкета (ДУП - градски пазар)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 24/08 пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт – Детален урбанистички план УЕ 4 и УЕ 9 - дел УБ 32, 47 и 48 локалитет ПАЗАР (2008-2013) - Општина Велес

Граници на опфатот се оските на улиците :

• Од север – по оската на ул.„Илинденска“
• Од исток – по оската на ул.„Димитар Влахов“ до раскрсница со ул.„Иво Лола Рибар“, продолжува по осовината на ул.„Киро Рогужаров“ се до источната граница на КП 4010, КП 4009,КП 4316, КП 4317, КП 4318, ја сече ул.„Нада Бутникошарева“ па продолжува по осовината на Дервенски поток
• Од запад – по оската на ул.„Браќа Капчеви“,ул.„Петре Прличко“ се до раскрсница со ул.„Илинденска“
• Од југ – по оската на ул.„Јане Сандански“до раскрсницата со ул.„Коле Цветков“ по чија што осовина продолжува се до раскрсницата со ул.„Илинденска“

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 6,50 ha.

Нацрт – Детален урбанистички план УЕ 4 и УЕ 9 - дел УБ 32, 47 и 48 локалитет ПАЗАР (2008-2013) - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  31.08.2009 – 14.09.2009 секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.

Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 09.09.2009 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров