Соопштенија

Соопштение - јавна презентација и јавна анкета (ДУП - Езеро Младост)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 24/08 пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт урбанистички план вон населено место за Езеро Младост на  локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица (2009-2019) - општина Велес

Граници на опфатот се:

исток: КП бр. 232; КП бр. 247; КП бр. 238 и КП бр. 233);
југ: КП бр. 227; КП бр. 230 и КП бр. 279);
север: КП бр. 254; КП бр. 251 и КП бр. 246/4); 
запад: eзерото Младост.

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 10,96 ha.

Нацрт урбанистички план вон населено место за Езеро Младост на  локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица (2009-2019) - општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  07.09.2009 – 22.09.2009 секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.

Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 16.09.2009 година (среда) со почеток во 12.30 часот.

      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров