Соопштенија

Соопштение - јавна презентација и јавна анкета (ДУП - Градски парк)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 24/08 пречистен текст), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт - Детален урбанистички план за Градски парк-Велес-(2008-2013) - Општина Велес


Граници на опфатот се оските на улиците :

• на север и североисток, по осовината на регулираното корито на река Вардар;
• на југозапад по осовината на постојната улица   “ВАРДАРСКА”;
• на северозападната страна по осовината на постојниот канал,
се до почетната точка.

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 17,16 ha.

Нацрт - Детален урбанистички план за Градски парк-Велес-(2008-2013) - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  07.09.2009 – 21.09.2009 секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 10.09.2009 година (четврток) со почеток во 12.30 часот. 

      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров