Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓаните на Велес дека манифестацијата „Денови на македонскиот филм“ која беше прекината заради лошите временски услови ќе продолжи според следната програма:

  • 23.09.2009 (среда) филмот „Викенд на мртовци“
  • 24.09.2009 (четврток) филмот „Исправи се Делфина“

Проекциите започнуваат во 19: 30 часот, во амфитеатарот, во Младински парк.
Општина Велес ги поканува љубителите на филмот да ги проследат овие интересни културни настани.