Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - јавни расправи
Општина Велес и Фондација ФОКУС ги покануваат граѓаните на 3-ти и 4-ти ноември, годинава да присуствуваат на јавните расправи за Буџетот и програмите за активностите на општината за 2010 година:
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2010 година.
- Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2010 година
- Нацрт-програма за изградба на споменици и спомен обележја на територијата на Општина Велес за периодот 2010-2015 година.
Јавната расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, здруженија на граѓани и фондации, културно-уметнички друштва и граѓани ќе се одржи на 3-ти ноември (вторник) со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Велес.
Јавната расправа за претставниците на институциите од областа на образованието, културата, здравствено-социјалната заштита и за сите заинтересирани граѓани ќе се одржи на 4-ти ноември (среда), со почеток во 17 часот. Јавната расправа со претставниците на урбаните и месните заедници ќе се одржи истиот ден, со почеток во 18 часот.
Место на одржување: Голема сала на Општина Велес.
За да ги погледнете Нацрт-програмите посетете го следниот линк.