Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Граѓански информатор
Со цел навремено и детално да ги информира граѓаните за сите услуги што ги обезбедува, Општина Велес ги пушти во употреба граѓанските информатори во центарот на градот (кај стоковната куќа) и во граѓанскиот сервис центар, во зградата на општината. Граѓанските информатори за услуги ги содржат сите формулари што Ви се потребни за добивање на одобрение за градба, локациски услови, користење на јавни површини и воопшто услугите од сите области на надлежност кои го вклучуваат и слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Формуларите се пополнети како примери и содржат листа на документи кои Ви се потребни за добивање на конкретна услуга.
Целта на граѓанските информатори на услуги изработени со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка е да ги олеснат постапките и да им помогнат на граѓаните полесно и побрзо да ја подготват потребаната документација.
Општина Велес ги поканува граѓаните да ги искористат сите можности за информирање што им ги даваат граѓанските информатори на услуги.