Соопштенија

Општина Велес со ISO сертификат

ISO 9001:2008На 29-ти декември 2009, Општина Велес доби сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот ISO 9001-2008, во областа на извршувањето на услуги од надлежност на локалната самоуправа. Сертификатот го додели Институтот за квалитет на Република Словенија. Со добивањето на сертификатот, Општина Велес стана една од ретките во Македонија со воспоставен систем на управување со квалитет според стандардот ISO 9001-2008. Сертификатот потврди дека општината има капацитети за квалитетно, ефикасно и ефективно работење.

Истовремено, сертификатот значи уште поголема обврска за општината постојано да ги подобрува своите услуги, да обезбеди максимално активно учество на граѓаните во одлучувањето и да ја зајакне отчетноста и транспарентноста. Воспоставувањето на системот за управување со квалитет е финална активност на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“ што со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП, се реализираше во четири општини во Македонија. Истовремено, добивањето на сертификатот значи исполнување на Акциониот план на Општина Велес за борба против корупцијата.

За да го погледнете сертификатот кликнете тука или посетете ја архивата со документи во категорија - Стратешки документи.