Соопштенија

Известување за одржување на ликовна изложба

Во Ликовниот салон  во Велес на 08.02.2010 год. во 19,00 часот ќе биде отворена  ретроспективна изложба на Димитрие Андонов Папрадишки. По повод одбележувањето на јубилејот 150  години од раѓањето на последниот македонски зограф и основоположник на современата македонска ликовна уметност, Димитар Андонов Папрадишки (1859-1954), во Ликовниот салон во Велес ке биде поставена изложба која е реализирана во соработка на Националната галерија на Македонија Скопје и Народен музеј,Велес. Покрај веке познатите дела на оваа изложба ке бидат преставени и дела кои за првпат се презентираат пред  јавноста.

Папрадишки е еден од нашите најталентирани зографи и негова е заслугата за за подигањето на ликовното ниво на црковното сликарство во Македонија. Тој дава придонес во пореалното сваќање на облиците , анатомијата и перспективата . Во контекст на влијанијата кои нанего ги извршил допирот со уметноста од сликарските центри на Средна Европа, а пред се школувањето во Русија, Папрадишки полека се ослободува од традицијата на доцновизантиското сликарство, во што секако влијание имало и профаното сликарство во смисла на согледувањето на нови облици и средства за нивно изразување.

Исполнуваќи го  својот творечки век со мошне плодна активност во црковното сликарство, има работено во окулу стотина цркви,  има насликано над 1200 икони, а бројот на профани дела сеуште не е заокружен.  Папрадишки насликал  значителен број на творби со профана сокржина на кои е ставен акцентот на изложбата, пред се портрети, но и композиции од национално - историска и битова тематика. Тој бил зограф и сликар кој го користел платното како и маслените бои за да ги забележи за вечноста портретните ликови на неговите современици, како и на неговите најблиски  користејќи ги визуелното искуство и фотографијата како работна подлошка. Иако неговото сликарство не подлежи на чист сликарски ликовен јазик јасно е дека тој е преставник на реализмот, на кого секако влијание имало неговото школување во Русија, како и литографии и репродукции од западноевропско потекло.

Папрадишки во областа на црковното и профаното сликарство остварил богат фонд трајни остварувања ширум Македонија и пошироко, во Србија и Бугарија.
 
Умира во  Скопје 1954 год. на 95 годишна  возраст, оставаќи во своето атеље неколку незавршени дела со профана и религиозна содржина.

На изложбата ќе бидат презентирани пееесеттина дела на Димитар Андонов Папрадишки (масла и икони).


Со почит,

Народен Музеј - Велес
Директор
Спасе Перовски

Велес
04.02.2010 год.