Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - јавна расправа
„Врз основа на принципите на транспарентност и отчетност кои се вградени во секојдневната работа, Општина Велес ги поканува граѓаните на јавна расправа на тема:
ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ
Јавната расправа со презентација на два предлог-проекти ќе се одржи на ден 22.02.2010 година (понеделник), во големата сала на Општина Велес“ со почеток во 17:00 часот.
Почитувани граѓани,
Општина Велес Ве поканува што помасовно да учествувате во одлучувањето за иднината на Велес и со своите предлози, сугестии, забелешки и коментари да придонесете за јавната расправа посветена на задолжувањето за реализација на капитални проекти во Велес“.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров