Соопштенија
Известување за одржување на изложба
Во сабота 20.02.2010 год. во 20.00 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде преставена изложба на тројца уметници од младата генерација, Урош Вељковиќ, Златко Стровјановски и Дејан Делов. Тројцата се генерациски поврзани, уште од средното уметничко училиште, а покасно и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот Графика со графички техники во класата на проф. Костадин Танчев-Динка.
Урош Вељковиќ ќе се престави со својот циклус Разбудена Бунтовност, ке бидат преставени 12 слики во неколку техники. Покрај експресионистички и апстрактни амбиенти се појавува и фигуративноста како одраз на различните импулси во уметниковиот израз на емоциите. Златко Стровјановски се преставува со слики и цртежи во неколку техники. Преовладуваат престави на актови, портрети, кои и покрај реалноста која ја преставуваат не внесуваат во еден иреален простор кој не е просторно ниту временски дефиниран.
Дејан Делов се преставува со 8 слики, Ер-Браш (Air Bruch) техника, биомеханика. Уметниците во ликовниот салон ке се престават со триесетина дела во различни техники, спој на различни стилови, но блиски во размислувањата.
Со почит,
Народен Музеј - Велес
Директор
Перовски Спасе