Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Деновите на франкофонијата
По повод Деновите на франкофонијата, Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ и Општина Велес Ве покануваат на франкофонска вечер.
Вечерта ќе се одржи на 24 март (среда), со почеток во 20 часот, во салата „Бели Мугри“.
Настапуваат:
- Група Соната
- Катерина Брезева и Трајче Бондиќов
- Никола Димовски
- Орхидеја Дукова- сопран во пијано придружба на Антонио Арангеловиќ
- Група „Тринити Бенд“
Режија и водител: Слободанка Чичевска.
Граѓаните, љубители на францускиот јазик, историја и култура ќе имаат ретка можност да уживаат во вечерта посветена на македонско-француското пријателство и културна размена.
Влезот е бесплатен.