Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - „Ден на дрвото 2010“

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2010“ ќе се реализира на ден 30-ти март, 2010 година (вторник) со пошумување на локација езеро „Младост“.

Автобусите поаѓаат по следниот распоред :

  • Основен Суд Велес во 8 и во 10 часот
  • ЕВН ЕСМ  во 8 и во 10 часот и
  • ОССУ „Коле Неделковски“ во 8 и во 10 часот.

Општина Велес ги поканува  граѓаните и овојпат активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Се молат граѓаните да бидат трпеливи заради лимитираниот број на автобуси. Сите граѓани-учесници во акцијата ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.