Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - избори за УБ и МЗ
„Општина Велес ги известува граѓаните дека врз основа на Одлуката на Градоначалникот за распишување избори за членови на Советот на постојните урбани заедници во градот и месните заедници во населените места во Општина Велес, изборите за членови на советите на урбаните заедници ќе се одржат на ден 9-ти април, 2010 година, со почеток во 18 часот според следниот распоред на локации:
1 „Трајко Капчев“ - ООУ „Благој Кирков“
2 „Богдан Каракостев“ - „ЈХК- Џинот“- Факултет за информатика
3 „Родна Ивева“ - Кај продавницата, на отворено
4 „Населба Дурутовец“ - Просторија на влезот во населбата
5 „Славе Петков“ - Месната заедница
6 „Трајче Панов“ - Месната заедница
7 „Димче Мирчев“ - ОСУ „Јовче Тесличков“
8 „9-ти Ноември“ - ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“
9 „Васа Кошулчева“ - Општина Велес
10 „Шорка“ - Општина Велес
11 „Алексо Демниевски“ - ООУ „Васил Главинов“
12 „Тунел“ - ООУ „Васил Главинов“
13 „Керамидна“ - ООУ „Васил Главинов“
14 „Превалец“ - Училиште
Општина Велес ги поканува жителите на урбаните заедници да го искористат своето демократско право на глас и активно да учествуваат во изборот на членови на советите во нивните урбани заедници“.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров