Соопштенија
Прва самостојна изложба на резби од Славе Петков
Во четврток, 15.04.2010 год. во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложба на резбарот Славе Петков, од Велес.
Средно Воено училиште завршил во Задар, моментално воен пензионер. Досега учествувал на 10-тина групни изложби во организација на здружението на копаничари на Македонија. Ова е негова прва самостојна изложба.
Започнува како самоук резбар, се надградувал преку едукација кај охридските резбари.. Во изработените преку стотина копаници во ореово дрво со различни форми и големини, практикува разновидна орнаментика. Покрај резбарените растителни орнаменти, упростени или стилизирани, некогаш натуралистички обработени вклопува птици, животински и човечки престави во форма на декоративна пластика. Од флоралните орнаменти се појавуваат дабов лист и лист и плод од лоза, разни цветови, а покрај преставите со христијанска тематика и ликови на светители се појавуваат и ликови на обични луѓе како што е ликот на Тоше Проески. Иако работи по шеми во кој се појавуваат класичните ликовни форми, сепак при резбарењето си дава извесна креативна слобода во која трепери возбудата и страсната предаденост кон работата.
Славе Петков реализира истенчена ажурна резба како и длабока и поткопана реаба во која доаѓа до израз чувството за пластична обликуваност што ја доближува до креативната ангажираност и ефекти на уметнички стремеж.
Во ликовниот салон ке се престави со 22 дела.
Со почит,
Народен Музеј - Велес
Директор
Перовски Спасе