Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - Јавна презентација и јавна анкета за Нацрт ДУП - Тунел 2

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 51/05), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Деталниот урбанистички план дел од локалитет Тунел 2 - дел од УЕ 12 - дел од блок УБ 59 - измена и дополнување -  Општина Велес


Локалитетот се наоѓа во југозападниот дел на град Велес.

Граници на опфатот се оските на улиците :

•  север - по границата на КП 17612/1 и по осовината на ул. Живко Фирфов
•  запад - по осовината на ул. Живко Фирфов
•  југ - по границата на КП 17617/1, КП 17617/30, КП17617/29, КП17612/1 и по осовина на Новопроектирана 1.
•  исток - по осовината на улица Благој Ѓорев

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 2,3 ha.

Нацрт Деталниот урбанистички план дел од локалитет Тунел 2 - дел од УЕ 12 - дел од блок УБ 59 - измена и дополнување -  Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  27.04.2010 – 10.05.2010 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 05.05.2010 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров