Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - 9-ти Мај, Денот на Европа

По повод 9-ти Мај, Денот на Европа, ЕУ инфо точката при Општина Велес со поддршка на  ЕУ Инфо центарот-Скопје организира масовен ревијален настан. Празникот ќе се одбележи на 7-ми Мај, петок, со почеток во 11 часот, во Младинскиот парк. На манифестацијата ќе учествуваат ученици од  општинските  основни училишта „Св Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Рајко Жинзифов“ и „Благој Кирков“ кои на штандови ќе ги презентираат земјите членки на Европската Унија - Романија, Бугарија, Германија и Полска. Во рамките на манифестацијата во амфитеатарот во Младинскиот парк  ќе настапи македонската поп ѕвезда Влатко Илиевски. Општина Велес ги покнува граѓаните со своето масовно присуство да го збогатат одбележувањето на најголемиот празник на Европската Унија. Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров