Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА (Касарна)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план Урбана единица VII-блок 42 , локалитет Касарна – опфат 3 - плански период 2010-2015 - Општина Велес
Граници на опфатот се оските на улиците :
На запад границата оди по осовината на новопроектираната сервисна улица паралелна со железничка пруга Скопје-Битола, поминува низ КП 7180, низ КП 10290 и повторно поминува низ КП7180.
На север границата поминува низ КП 7180.
На исток границата поминува низ осовината на постојната улица Блогој ѓорев.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 3.35 ха.
Нацрт Детален урбанистички план Урбана единица VII-блок 42 , локалитет Касарна –опфат 3-плански период 2010-2015 - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 26.05.2010 – 08.06.2010 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 03.06.2010 година (четврток) со почеток во 13.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров
Нацрт Детален урбанистички план Урбана единица VII-блок 42 , локалитет Касарна