Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА (УЕ6 УБ 36)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од Велес - локалитет 9ти ноември - дел од Урбана единица 6, дел од урбан блок 36 (помеѓу ул. “Благој Ѓорев”, ул. “Тодор Јанев”, пешачка улица и ул. “8ма Велешка Бригада”) - Општина Велес.
Граници на опфатот се:
исток: ул. “8ма Велешка бригада”;
север: ул. “Благој Ѓорев”;
југ: “пешачка улица”; и
запад: ул. “Тодор Јанев”.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 2.62 ха.
Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од Велес - локалитет 9ти ноември - дел од Урбана единица 6, дел од урбан блок 36 (помеѓу ул. “Благој Ѓорев”, ул. “Тодор Јанев”, пешачка улица и ул. “8ма Велешка Бригада”) - Општина Велес.ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 26.05.2010 – 08.06.2010 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт плаот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 03.06.2010 година (четврток) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров