Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Општина Велес ги известува граѓаните дека на ден 18.06.2010 г. (петок) со почеток од 05.00 чесот до 06.30 часот, во Велес ќе се спроведе авионско третирање против комарци.
Границата на третирањето започнува на исток од Башино село, преку автопатот Скопје-Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје-Гевгелија, сé до кланицата „АГРИА".На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата „Керамидна" кон фабриката „Киро Ќучук", се до Башино село. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје и река Вардар по целиот тек.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, третирањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров