Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Општина Велес ги известува граѓаните кои гравитираат кон улицата „Кирил и Методиј“ дека поради реконструкција на улицата, истата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 28-ми јуни (понеделник) до 17-ти јули (сабота), секој работен ден од 07 до 17 часот.
Реконструкцијата на улицата ќе се изведува во три фази и тоа:
- 1-ва фаза: Од улица „Владимир Назор“ до улица „Св. Климент Охридски“
- 2-ра фаза: од улица „ Св. Климент Охридски “ до улица „Максим Горки“
- 3-та фаза: Од раскрсницата на улица „Максим Горки “ до спојот со улица „Славе Петков“.
Се молат граѓаните, во споменатиот период да го почитуваат режимот на сообраќај со што ќе придонесат за избегнување и превенција на сообраќајни незгоди.