Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Вардарска регата „Гемиџии 2010“

По повод традиционалната манифестација Вардарска регата „Гемиџии 2010“, Општина Велес ги поканува граѓаните да ја проследат оваа значајна ревијална манифестација. Манифестацијата ќе започне на 30.06.2010 (среда), во 21 часот, пред споменикот на Гемиџиите каде ќе се одржи вечер на македонска патриотска песна.

Настапуваат:
- Елена Велеска
- Гоце Арнаудов и
- Група „Виртус“ 
 

Вардарската регата со која годинава ќе се одбележат 107 години од делото на Гемиџиите и 140 години од раѓањето на велешкиот војвода Јован Наумов-Алабакот ќе започне на 01.07.2010 (четврток), во 9 часот крај споменикот на Гемиџиите.

Општина Велес ги поканува граѓаните со своето масовно присуство да придонесат во одбележувањето на овој значаен настан  за Велес и Република Македонија.