Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ИФАД Стоби
Општина Велес и Организациониот одбор на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ Ве покануваат да го проследите 9-то издание на фестивалот што ќе се одржи во периодот од 17 до 31 јули, 2010 година, на археолошкиот локалитет „Стоби.“
Фестивалот ќе се одвива според следната Програма :
Сабота, 17.07.2010 година
Свечено отворање на фестивалот со претставата „Печалбари“ во изведба на Кумановскиот народен театар.
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Понеделник, 19.07.2010 година
Изведба на претставата „Хамлет“ –Драмски театар –Скопје
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Среда, 21.07.2010
Изведба на претставата „Лагата на Тиресиј“ – копродукција на „Краљевско позориште Зетски дом“ од Цетиње, Црна Гора и фестивалите „Котор арт“ и „Мес“ - Сараево
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Недела, 25.07.2010
Изведба на претставата „Антигона“ на „No name“ театар - Прилеп
Почеток: 21 часот – бања на археолошки локалитет Стоби
( Претставата е наменета за публика до 70 лица).
Вторник, 27.07.2010
Изведба на претставата „Баханалии“ – Народен театар „ЈХК“ – Џинот - Велес
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Петок, 30.07.2010
Изведба на претставата „Цар едип“ – Државни куклени театри од Пловдив, Бургас и Стара Загора- Република Бугарија
Претставата е наменета за публика над 16 годишна возраст.
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Сабота, 31.07.2010
Свечено затворање на фестивалот
Изведба на претставата „Крпен живот“- Народен театар „Војдан Чернодрински“- Прилеп
Почеток: 21 часот – театар на археолошки локалитет Стоби
Организаторите ги известуваат граѓаните дека и годинава ќе има организиран превоз на релација Велес- Стоби.
Автобусите ќе поаѓаат во 20:00 часот на улицата „Маршал Тито“
Автобусите ќе можат да ги користат само граѓаните кои имаат влезници за фестивалот.Влезниците се бесплатни и можат да се набават во Народниот театар „ЈХК –Џинот“- Велес, секој фестивалски ден од 8:30 до 14 часот.
На граѓаните кои до античкиот театар ќе доаѓаат со сопствени возила, нема да им бидат потребни влезници.
Општина Велес и Организациониот одбор на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ “ Ве покануваат со Вашето масовно присуство и годинава да ја збогатите оваа значајна културна манифестација.