Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - елементарни непогоди
Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди ги известува граѓаните дека во случај на елементарна непогода или друг вид на несреќа за која е потребно да се изврши проценка на износот на штетата, пријави за процена на штети се поднесуваат во рок од 5 работни дена од денот на настанувањето на штетата. Пријавата се пополнува во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес во општинската зграда, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.