Соопштенија

Информација од организациониот одбор на ИФАД „СТОБИ“ 2010

Организациониот одбор на ИФАД „Стоби“ 2010 ја информира јавноста дека претставата „Антигона“ на „ No name“ театарот од Прилеп што ќе биде изведена во рамките на фестивалот, во недела 25.07.2010 е наменета за помал број гледачи. Станува збор за претстава на мала сцена која можат да ја следат максимално 50 гледачи.Поради тоа за претставата „Антигона“ нема да се организира автобуски превоз.

Организираниот превоз ќе продолжи во понатамошниот тек на фестивалот во вторник 27.07.2010 кога Народниот театар „ЈХК-Џинот“-Велес ќе ја изведе претставата „Баханалии“.

 
Организационен одбор на ИФАД „СTОБИ“ 2010
Претседател
Зоран Љутков с.р