Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД за стопански компллекс свињарска фарма

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10), Општина Велес ја информира јавноста дека

ЛУПД за стопански компллекс  свињарска фарма (на м. в. Ќосеџик, КО Кумарино, на КП 100, КП101, КП 102/2, КП102/8, КП102/9 и КП102/10) Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина се достапни за увид на заинтересираната јавност.

ЛУПД за стопански компллекс свињарска фарма (на м. в. Ќосеџик, КО Кумарино, на КП 100, КП101, КП 102/2, КП102/8, КП102/9 и КП102/10) Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 23.08.2010 – 23.09.2010 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.

Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk. Информации на телефон 043 232 406.

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров