Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Канти за отпадоци
Во рамките на заложбите за постојано унапредување на состојбите со комуналниот отпад, Општина Велес на регистрираните правни лица кои вршат трговска дејност ќе им додели бесплатна канта за отпадоци од 120 литри.
Општината располага со 200 канти за отпадоци кои правните лица ќе можат да ги добијат по сопствено барање.
Сите заинтересирани правни лица (сопственици на дуќани) кантите за отпадоци ќе можат да ги добијат доколку се обратат во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес каде треба да достават:
- Документ за регистрирана дејност и
- Доказ за подмирени обрски по основ на данок на имот и комунална такса.
Дополнителни информации на телефон 232 406 локал 226.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров