Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс свињарска фарма

Се известуваат сите правни и физички лица дека Општина Велес организира Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс  свињарска фарма (на м. в. Ќосеџик, КО Кумарино, на КП 100, КП101 , КП 102/2, КП102/8, КП102/9 и КП102/10) Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс фарма за тов на телиња (кај на м. в. “Говедарски пат”, КО Сојаклари Општина Велес - ( на КП 475/1, КП 475/2 и КП 475/3) - Општина Велес.

Јавната расправа по споменатите извештаи за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина ќе се одржи на ден 01.09.2010 година (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.

Општина Велес ги поканува заинтересираните граѓани активно да се вклучат во јавната расправа и заложбите за заштита на животната средина.

                                                                             
Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров