Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - образование, култура, спорт и млади, НВО, социјала и здравство
Општина Велес ги известува граѓаните дека во тек е изготвувањето на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2011 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална и здравствена заштита,
- спорт, млади и
- поддршка на НВО секторот.
Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат проекти од поширок интерес на заедницата и конструктивни предлози и идеи за активности што треба да се реализираат во 2011 година, можат да доставуваат свои предлози.
Предлозите треба да бидат добро образложени, со временска рамка на активности, носители, извршители и буџет.
Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1 или во електронска форма на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. најдоцна до 25.09.2010 година.
По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
Здружението на граѓани што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект – самостојно или во партнерство со други субјекти (здруженија на граѓани, установи, институции, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:
- Барањето со потребната документација да го приложи во периодот утврден во објавата за прибирање предлози
- ЗГ да е со седиште во Општина Велес,
- Да има сопствена жиро сметка
- Да делува најмалку 2 години
- Да има реализирано проекти од кои може да се види потенцијалот со кој располага (референтна листа)
- Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти финансирани од општина Велес во претходната година
- Проектот што ќе го реализира да е од интерес на граѓаните на Велес