Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - УЕ1 УБ7 КП 1275
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10), Општина Велес ја информира јавноста дека Локалната урбанистичка планска документација во урбана единица 1 - блок 7-КП 1275 К.О.Велес -Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина за Локалната урбанистичка планска документација во урбана единица 1 - блок 7 - КП 1275 К.О.Велес - Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Локалната урбанистичка планска документација во урбана единица 1 - блок 7-КП 1275 К.О.Велес-Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина за Локалната урбанистичка планска документација во урбана единица 1 - блок 7-КП 1275 К.О.Велес - Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 14.09.2010 – 14.10.2010 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk. (Анкетен лист, SEA, Синтезен план)
Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на Локалната урбанистичка планска документација во урбана единица 1 - блок 7-КП 1275 К.О.Велес - Општина Велес ќе се одржи на ден 08.10.2010 година (петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров