Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД пескарење на метали

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10), Општина Велес ја информира јавноста дека Локалната урбанистичка планска документација за производство-пескарење на метали градежна парцела 1 во урбана единица II, блок 16, КП 16053 и 16036 КО Велес - Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на објект за производство-пескарење на метали градежна парцела 1 во урбана единица II, блок 16, КП 16053 и 16036 КО Велес - Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.

Локалната урбанистичка планска документација за производство-пескарење на метали градежна парцела 1 во урбана единица II, блок 16, КП 16053 и 16036 КО Велес - Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на објект за производство-пескарење на метали градежна парцела 1 во урбана единица II, блок 16, КП 16053 и 16036 КО Велес - Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 28.09.2010 – 28.10.2010 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот. Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk. Информации на телефон 043 232 406.

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на објект за производство-пескарење на метали градежна парцела 1 во урбана единица II, блок 16, КП 16053 и 16036 КО Велес - Општина Велес ќе се одржи на ден 22.10.2010 година (петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.


Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров