Соопштенија
ОБЈАВА За јавно наддавање за продажба на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа на територијата на општина Велес со намена изградба на магацини, складишта, занаетчиство и производство - 1.10.2010
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План Велес - Речани ll локалитет Лозар одлука бр.0701-1206/10 од 18.06.2002 од Општина Велес, со намена магацини, складишта, занаетчиство и производство. Површините на градежните парцели, со податоци за катастарските парцели и почетната цена за секоја парцела поединачно, се опишани во Табела 1 подолу. Јавната објава е објавена и на WEB страната на Министерство за транспорт и врски: www.mtc.gov.mk Заинтересираните лица, за подетални информации може да се обратат и до надлежната Општина Велес.