Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2010“ ќе се реализира на ден 19-ти Ноември, 2010 година (петок) со пошумување на локација автопат Велес - Градско“.

Автобусите поаѓаат по следниот распоред :

  • Основен Суд Велес во 8 и во 10 часот    
  • ЕВН ЕСМ  во 8 и во 10 часот и
  • ОССУ „Коле Неделковски“ во 8 и во 10 часот.

Општина Велес ги поканува  граѓаните и овојпат активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.
Се молат граѓаните да бидат трпеливи заради лимитираниот број на автобуси. Сите граѓани-учесници во акцијата  ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.